Şenhan Bolelli
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
МАДРИД (АА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека Шпанија ќе продолжи со присуството во Турција со ракетната одбрана во рамките на мисијата на НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот на Шпанија се истакнува дека за време на состанокот на НАТО, Санчез ветил дека ќе продолжи со присуството во Турција со ракетната одбрана во рамките на мисијата на НАТО и дека тоа било прифатено од останатите членки на НАТО.
Шпанија, мисијата ја презеде од Холандија во 2015 година. Системот за противракетна одбрана, во рамките на мисијата на НАТО е распореден во Адана во напорите за заштита на Турција од заканите што доаѓаат од Сирија.
Шпанското Министерство за одбрана претходно имаше донесено одлука да ја продолжи својата мисија во Адана до крајот на 2019 година.