Atilla Hancı
08 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
АНКАРА (АА) - Јапонија го одобри трговскиот Договор за Транспацифичко партнерство (TPP) постигнат меѓу 12 земји кои се наоѓаат на брегот на Пацификот, пренеува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува службената јапонска агенција "Kyodo", владата под водство на Шинзо Абе, соопшти дека Јапонија го одобрила Договорот.
„Многу е важно јавноста за тоа да биде известена”, истакна Абе на седницата на Советот на министри на Јапонија.
Јапонскиот министер задолжен за Договорот, Нобутеру Ишихара, на конференцијата за новинарите кажа дека Јапонија ќе ги преземе потребните мерки за спроведување на Договорот и дека на тој начин ќе биде пример за другите земји.
Јапонија, САД, Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам минатиот месец го потпишаа Договорот за Транспацифичко партнерство (TPP), кој ќе овозможи укинување на трговските и царинските ограничувања.
Бруто националниот приход на тие земји сочинува 40 отсто од светската економија.
Договорот ќе стапи на сила 60 дена откако сите 12 земји ќе го одобрат.