Satuk Buğra Kutlugün
05 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
ТОКИО (АА) - Земјотрес со умерена јачина го погоди источниот дел на Јапонија. Не доведе до издавање на предупредување за цунами, но предизвика кратко пореметување во железничкиот сообраќај во Токио, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот бил со јачина од 4,6 степени по Рихтеровата скала, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Потресот се случил во 7:41 часот на длабочина од 30 километри во префекртурата Канакава.
Според јапонската скала за сеизмички интензитет земјотресот имал вредност 4 од вкупно седум степени, се почувствувал во градот Кавасаки и токискиот западен регион Мачида.
Нема информации за повредени или за одередена поголема материјална штета од земјотресот.