Safiye Karabacak
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
АДЕН (АА) - Бројот на загинатите во самоубиствениот напад што во неделата беше изведен врз еден безбедносен центар во привремениот главен град на Јемен, Аден, се искачи на 46, а повредени се 47 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во предавничкиот терористички напад загинаа 46 лица, а 47 лица се повредени“, се вели во изјавата дадена врз основа на надлежни извори од интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи на Јемен.
Се истакнува дека експлозивните направи се активирани од страна на четворица милитанти на терористичката организација ДЕАШ.
Нападот е извршен минатата недела во еден безбедносен центар во привремениот главен град на Јемен, Аден. Вчера, во соопштението на Полициската дирекција во Аден беше наведено дека во нападот смртно настрадале 23 лица, а 28 се повредени.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.