Ekipa
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Мала група напаѓачи денес убија најмалку две лица од безбедносниот персонал на ТВ-станица во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на просториите на емитерот „Shamshad“ (Шамшад) се случил околу 10.45 изутрина, по локално време, кога бомбаш-самоубиец детонирал експлозив на влезот.
Потоа две или три вооружени лица извршиле напад на зградата, наведуваат авганистанските медиуми.
Салим Илјас, шеф на единицата за истрага на аганистанската национална полиција во Кабул, за АА потврди дека се убиени двајца чувари.
Тој нагласи дека во нападот учествувале двајца или тројца напаѓачи и оти безбедносните сили се ангажирани во обид за заземање на делот од зградата во којшто се наоѓале напаѓачите.
Пукање можеше да се слушне од тој правец.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, соопшти дека целиот персонал бил евакуиран на безбедно.
Талибанците негираа какво било учество во нападот.