Gülşen Topçu
09 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
БЕЈДА (АА) - Во подрачјето на областа Бејда, во централниот дел на Јемен, дојде до судир меѓу јеменската војска и Хусите. Во судирот се убиени 27 припадници на Хусите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информативниот портал „26sepnews“, кој е поврзан со јеменската Влада, објави дека по нападот што Хусите го извеле во местото Ез-Захир, дошло до жесток судир со приврзаниците на јеменската војска, при што се убиени 27 Хуси. Во веста се вели дека има и ранети, но не се наведуваат повеќе информации за бројката на ранети.
Во продолжение се наведува дека силите приврзани на јеменската војска го запреле нападот на Хусите и ги натерале да се повлечат. Не се даваат информации за евентуалните жртви на страната на војската.
Подолг период во Јемен владее политичка нестабилност и судири меѓу силите приврзани на Владата и Хусите.
Од септември 2014 година главниот град Сана и некои подрачја од земјата се наоѓаат под контрола на Хусите. Во март 2015 година коалициските сили предводени од Саудиска Арабија започнаа да ѝ даваат поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите.