Zehra Ulucak
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
АСУНСИОН (АА) - Во Парагвај е прогласена вонредна состојба поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои во последните недели ја зафатија земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
По главниот град на земјата, Асунсион, упатен е апел за прогласување вонредна состојба и во подрачјето на Неембучу, кое се наоѓа на околу 300 километри јужно од Асуинсион, поради прелевање на реки и поплави предизвикани од поројните дождови.
Властите нагласија дека околу 40.000 жители на Парагвај во последните недели биле принудени да ги напуштат своите домови поради поројните дождови кои ја зафатија земјата.
Над 11.000 од вкупните евакуирани лица живеат во Асунсион.
Иако се сместени во воени бази или на повисоки места, жителите на Парагвај се жалат од недоволната интервенција на Владата.
Владата на 3 април прогласи 90-дневна вонредна состојба во Асунсион поради поплавите кои го зафатија градот.