Zeynep Tüfekçi
03 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
АДЕН (AA) - Најмалку четири лица загинаа, а две се ранети во судирите меѓу членовите на терористичката организација Ал Каеда и едно племе во Ебјен во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Од една здравствена установа е потврдено дека во Ебјен дошло до судири меѓу милитантите на Ал Каеда и членовите на едно племе.
Загинаа тројца милитанти и еден член на племенската заедница. Ранети се две лица.
Јемен е упориште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна. Бунтовничкото движење Хуси го контролира главниот град Сана и уште неколку важни региони во таа земја, а меѓународно признаената Влада на Јемен делува од островскиот град Аден.
Конфликтите во Јемен дополнително се засилија во март 2015 година, кога Саудиска Арабија со своите сојузници почна да изведува воздушни напади врз положбите на бунтовниците.
Во војната е уништена инфраструктурата, вклучувајќи ги и здравството, водоводната мрежа и канализација, а ситуацијата во таа заливска земја ОН ја опишаа како една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.