Gülşen Topçu
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
САНА (АА) - Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија изведоа напад врз воената база на Хусите во Сана, Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Очевидци изјавија дека врз воздушната база „Ед Дејлеми“, во близина на Меѓународниот аеродром во Сана, беа извршени седум, а врз Воената академија за воздухопловство два напади. Не е познато дали имало жртви во нападите.
Ниту коалициските сили, ниту Хусите не излегоа со соопштение.
Портпаролот на коалициските сили на Саудиска Арабија, полковник Турки ел Малики, претходно изјави дека во воздух биле уништени три ракети насочени против Ријад, Најран и Џизан. Биле уништени и две беспилотни летала што им припаѓале на Хусите.
Официјалните податоци од властите во Саудиска Арабија покажуваат дека во изминатите 16 дена биле уништени 14 проектили лансирани од Јемен.