Afra Aksoy
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АДЕН (АА) - Во јужниот дел на Јемен, во привремениот главен град Аден, за време на воена парада извршен е двоен напад во штабот на Ел Села. Според првичните информации, во нападот животот го загубиле 25 лица, а десетици се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацииите добиени од воени извори, Хусите, поддржани од Иран, за време на воена парада извршиле напад со беспилотно летало и балистички проектил во моментот кога минувале припадниците на силите Хизам ел Емни, кои се поддржани од Соединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Во нападот загинаа 25 лица, меѓу кои е и Раџих бин Мансур, еден од командантите на Силите за поддршка и засилување приврзани на Владата на Јемен, кој покрај Мунир ел Јафи и Хизам Емни присуствуваше на парадата. Во нападот се повредени десетици лица.
- Одговорноста за нападот ја презедоа Хусите -
Според веста што ја објави телевизискиот канал „Ел Месира“, кој им припаѓа на Хусите, воениот портпарол на Хусите, Јахја ес Сери, наведува дека во Аден се нападнати воените позиции кои се наоѓаат во штабот на Ел Села.
Сери соопштил дека во нападот изведен со беспилотно летало и балистички проектил од среден дострел, животот го загубиле 25, а ранети се десетици лица.
Во утринските часови во Аден бил изведен и бомбашки напад со возило бомба врз полициска станица. Според првичните информации, во нападот загинале тројца војници, а 20 биле ранети.