Mehmet Nuri Uçar
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ТАИЗ (АА) - Петнаесет милитанти се убиени во судирите што продолжуваат помеѓу Хусите и воените сили во јеменскиот град Таиз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на новинската веб-страница „26sepnews“ на јеменската војска, воените сили воспоставиле контрола врз одредени места и воени точки во Таиз.
Се наведува дека во судирите кои продолжуваат меѓу Хусите и воените сили убиени се 15 милитанти, и дека има и повредени.
Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност и судири меѓу Хусите и силите на легитимната власт во Јемен. Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја. На територијата на Јемен веќе три години траат судирите меѓу Хусите и владините сили поддржани од страна на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија.