Safvan Allahverdi
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Доналд Трамп вчера го одржа својот прв ифтар во организација на претседателството по повод одбележувањето на месец Рамазан и покрај напнатите односи со американската муслиманска заедница, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на ифтарот, на кој беа повикани претежно амбасадорите и дипломатите од муслиманските земји, Трамп ги пофали убавините на Рамазанот и ги повика на соработка на Блискиот Исток.
„Вечерва, додека уживаме во величествената вечера во Белата куќа, треба да се потрудиме да ги оствариме милоста и добрината што го означуваат месецот Рамазан“, изјави американскиот претседател пред присутните.
„Ајде да се помолиме за мир и правда и да е стремиме тие вредности да нè водат додека заедно работиме за да изградиме светла и просперитетна иднина што го величи и слави Бога“, додаде тој.
Според Белата куќа, на ифтарот присуствувале потпретседателот Мајк Пенс, зетот на Трамп, Џаред Кушнер и уште неколку членови на кабинетот, како и амбасадорите од Саудиска Арабија, ОАЕ, Тунис, Кувајт, Индонезија, Јордан, како и претставници на Турција и други муслимански земји.
Меѓутоа, некои од најголемите муслимански организации во државата рекоа дека не се повикани на ифтарот, така што ифтарот го одржале отспротива на Белата куќа, на Плоштадот Лафејет.
Истакнатите лидери на американските муслимани кои присуствуваа на ифтарите под водство на претходната администрација рекоа дека би го одбиле повикот и доколку биле повикани, наведувајќи го како причина ставот на Трамп кон исламот и неговата историја на непримерни коментари за муслиманите.
„Кога ќе погледнеме на она што го прави Белата куќа во однос на забраните за муслиманите, а сега е домаќин на ифтар, создава контрадикторност“, изјави Рјубен Екелс од Светската служба на црквата.
„Ние сме тука да ги поддржиме нашите муслимански браќа и сестри и бегалците и мигрантите кои се дојдени од целиот свет во оваа земја во која би требале да бидат добредојдени“, додаде тој.
Оваа година американскииот претседател организираше ифтар за странските дипломати, официјалните претставници на кабинетот и муслиманските лидери од организациите на цивилното општество во чест на Рамазан во Белата куќа. Меѓутоа, администрацијата на Трамп минатата година ја прекина децениската традиција, откажувајќи го годишниот ифтар, традиција која официјално започна со Бил Клинтон.