Zekeriya el-Kemali,Zeynep Tüfekçi
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
САНА (АА) - Хусите со балистички проектили ги погодија рафинериите за нафта во Јенбу на брегот на Црвеното Море во Саудиска Арабија, јавуваат јеменските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јеменската новинска агенција Саба, повикувајќи се на воени извори, објави дека Хусите со проектил со долг дострел "Буркан-2", во саботата навечер ги погодија нафтените рафинерии во Јенбу, во западниот дел на Саудиска Арабија.
Се наведува дека проектилот ја погодил целта и дека во рафинериите била предизвика голема штета.
Саудиска Арабија сеуште нема дадено соопштение.
Од друга страна, Саудиската новинска агенција СПА јавува дека екстремно топлото време предизвикало прегревање на електричните трансформатор во рафинеријата Самреф во Јенбу, и дека поради тоа се запалила.
Според новинската агенција, нема жртви, а воедно не е предизвикан проблем во функционирањето на системот на рафинеријата.