Turgut Alp Boyraz,Zeynep Hilal Karyağdı
23 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку еден Палестинец загина, а 57 се ранети во текот на синоќешната интервенција на израелските сили во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските сили интервенираа кога група Палестинци се собраа пред влезот на Лавовската порта (Bab al-Asbat), не сакајќи да минат низ детекторите за метал кои се поставени пред влезот на џамијата.
Од Министерството за здравство на Палестина потврдија дека во настанот е ранет еден Палестинец во градите, кој починал на патот кон болницата.
Полициските сили интервенирале со солзавец и звучни бомби. Локалните извори наведуваат и дека е приведен еден Палестинец во Стариот град во Ерусалим.
Од палестинската Црвена полумесечина соопштија дека во текот на интервенциите околу Ерусалим, ранети се 57 лица. Повредите воглавно се предизвикани од гумени куршуми. Министерството за здравство соопшти дека од повредените, 12 лица се хоспитализирани.
Во некои делови од Ерусалим сѐ уште траат судирите меѓу израелската полиција и Палестинците.
На локалното Палестинско население од петокот до понеделникот минатата недела не му беше дозволен влез во комплексот Ал Акса. Истовремено изминатата недела израелските сили на влезовите во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал.
Палестинците протестираа поради поставените детектрои и одбиваат да влезат во комплексот. Муслиманските верници својата верска обврска ја извршуваат надвор, пред комплексот Ал Акса.
Кризата ескалираше минатиот петок, кога израелсктие полициски сили убија 3 Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа предивика општ метеж во кој беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пад кон болницата.
Израелската полиција по овој настан нареди затворање на комплексот Ал Акса.