Laith Al-jnaidi, Hamdi Yıldız
05 Мај 2026•Ажурирај: 05 Мај 2026
Официјалните податоци покажуваат дека по падот на режимот на Башар-ал Асад, 192.000 Сиријци го искористиле правото на доброволна репатријација од Јордан, јавува Анадолу.
Владиниот портпарол Мухамед ел-Мумини изјави дека Јордан продолжува со хуманитарната поддршка за сириските бегалци.
Според изјавите на Мумини, по падот на режимот на Асад на 8 декември 2024 година, во Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) се евидентирани над 192.000 бегалци што се вратиле во Сирија. Тој истакна дека соработката и координацијата со Обединетите нации во медиумскиот и комуникацискиот сектор е клучна за зајакнување на капацитетите на ова поле.
„Јордан ќе продолжи да биде пример во поглед на исполнувањето на својата хуманитарна должност во решавањето на проблемите на бегалците, заштитувајќи го нивното достоинство и обезбедувајќи им услови за безбеден живот”, изјави Мумини.
Во соопштението на УНХЦР од декември минатата година се наведува дека во рок од една година повеќе од 177.000 сириски бегалци од Јордан доброволно се вратиле во својата земја, а во Јордан сè уште престојуваат 421.511 Сиријци.