Ekip
29 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АМАН
Јордан денеска повторно го отвори граничниот премин „Џабер“ со Сирија, по двомесечно затворање поради воените ескалации во југозападната провинција Дара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Репортер на АА јавува дека десетици возила го преминале терминалот во двата правци од рано изутрина.
Овој потег дојде во време на напорите на Аман и Дамаск за нормализирање на нивните односи.
Во претходната изјава јорданското Министерство за внатрешни работи рече дека повторното отворање на граничниот премин е дел од напорите за заживување на трговијата и туристичките движења меѓу двата соседи.
Јордан и Сирија, исто така, одржаа состаноци чија цел беше да разговараат за начините за подобрување на билатералната соработка во областа на трговијата, транспортот, електричната енергија, земјоделството и водните ресурси.
Претходно овој месец, министрите за енергија и нафта на Јордан, Египет, Сирија и Либан се договорија за планот за снабдување на Бејрут со египетски гас преку Сирија за решавање на хроничната енергетска криза што ја зафати земјата.