ХАСЕКА (АА) - МОХАМАД МИСТО/ЕТХЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во окупираната Хасека, во североисточна Сирија, приведе 7 наставници кои на децата им предавале по стариот систем, а не по системот што го наметнуваат тие.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК од 2016 година во областите што ги окупираше наметнува свој систем на образование.
Според информациите добиени од локални извори, 7 наставници кои држеле часови за учениците по старата програма, забранета од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, биле приведени од терористите на ЈПГ/ПКК во областа Амуде, во провинцијата Хасека на североистокот на земјата.
Сè уште не се знае локацијата каде што се однесени наставниците што се приведени како резултат на рациите во нивните домови.
Опозициската група Курдски национален совет (ЕНКС) со писмено соопштение реагираше на нелегалните практики на терористичката организација.
„Наставниците Хусеин Наме, Талиб Есат, Ридван Хисо, Абдулселам Хисо, Бенкин Мухамед, Џума Меџдо и Усам Дери се приведени од силите за јавен ред поврзани со организацијата, со изговор дека им предавале на часовите на студентите според државната наставна програма наместо по програмата на терористичката организација. Ние силно го осудуваме приведувањето за нашите наставници.“
- Минатиот месец исто така се приведени 7 наставници
На 20 јануари, терористичката ЈПГ/ПКК приведе 7 наставници во областа Дербесије во Хасека, наведувајќи го истиот изговор.
Наставниците беа ослободени откако потпишаа дека ќе предаваат по наставната програма на организацијата.
- ЈПГ/ПКК наметнува идеолошка наставна програма
Терористичката организација за прв пат ја смени содржината на наставната програма во основните и средните училишта во 2016 година, а пред 3 години наметна наставна програма за 10. и 11. одделение. Од минатата година исто така наметна програма за учениците од последната година во средните училишта.
Организацијата заплени и училишта од режимот на Асад и на тој начин го зазеде целиот образовен систем во окупираните региони.
Родителите што сакаат своите деца да ги држат надвор од пропагандата на организацијата ги запишуваат децата во приватните училишта. Но, организацијата изведува рации и во тие училишта заканувајќи се дека ќе ги затвори.
Терористичката организација во училиштата во областите што ги окупира влева милитаристички и ставови со предрасуди против исламот.
Организацијата секое утро ги тера децата да извикуваат слогани како што е слоганот „Нема да има живот сè додека нема слобода за нашиот водач Оџалан“.
Во различни поглавја на книгите што се задолжителни има цитати од водачот на терористичката организација ПКК.
На овој начин, во главите на учениците се врежува концептот „главен наставник е Оџалан“.
На училишните фестивали учениците носат транспаренти со водачите на ПКК.
Меѓу другото во книгите има и содржини и фотографии на терористи што загинаа во конфликтот во Сирија и песни напишани за нив.
news_share_descriptionsubscription_contact
