Vesna Besic
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
ЉУБЉАНА
Во согласност со одлуката на Владата на Словенија, од денес настава во училиштата ќе следат учениците до трето одделение, а се отвораат и градинките, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за безбедност на сообраќајот и полицијата предупредуваат на внимателност во сообраќајот.
Сите вработени, освен оние што веќе биле позитивни на Ковид-19, мораат повторно да се тестираат по доаѓањето, како и оние што во училиштето биле во текот на последните две недели, јавува агенцијата СТА (STA).
Некои тестирања се извршени вчера, а останатите се очекува да бидат извршени во текот на денот.
Засега, средните училишта остануваат затворени, а мерките за нив би можеле да бидат ублажени откако државата ќе премине од црвена во портокалова зона.
Од иницијативата „Бараме училиште“ повикуваат на што побрзо отворање на средните училишта, а денес најавија бојкот на онлајн наставата.
По тестирањата на вработените во текот на продолжениот викенд, се очекува денес повторно да бидат отворени продавниците со површина до 400 метри квадратни.
Голем број продавници би можеле да бидат отворени веќе во сабота, според одлуката на Владата во петок, но само ако вработените имаат негативен тест на Ковид-19.
Според податоците на Стопанската комора на Словенија, само меѓу 10 и 15 отсто од тие продавници ќе бидат отворени во сабота.
Сите продавници со површина до 400 метри квадратни можат да се отворат, со негативни тестови на вработените. Работодавците може да го организираат тестирањето во домовите за здравство или во одредени приватни здравствени установи.