Dildar Baykan
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Иако потекнува од далечната Кина, една мандаринска патка по некоја случајност се најде во њујоршкиот Централ парк и брзо стана главна туристичка атракција, јавува Anadolu Agency (AA).
Новиот жител на езерото и градините на Централ парк, со своето шарено перје неколку дена го привлекува вниманието на посетителите.
Како непоканет гостин мандаринката брзо стана маскота и главна тема меѓу посетителите на Централ парк, и сѐ уште не е јасно како се нашла во Њујорк, бидејќи станува збор за вид, чии живеалишта се во далечна Азија.
Мандаринката ужива во дружењето со другите видови на езерото во Централ парк и се чини дека не ѝ пречи интересот на туристите и фоторепортерите.
Станува збор за патка од родот Aix. Во кинеската култура мандаринската патка има статус на симбол на вечна брачна љубов и верност. Таков углед се должи на фактот што паровите го поминуваат целиот свој живот заедно. Кога еден од нив ќе угине, другиот видливо тагува и поради тоа не живее долго по смртта на саканиот партнер.