Selçuk Acar
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
ЊУЈОРК (АА) - Студентите од Универзитети во Њујорк им одадоа почит на жртвите од терористичките напади во Акара, Истанбул и Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Група студенти од Универзитети од Њујорк се собраа во Центарот Кимел каде што запалија свеќи за загинатите во последните терористички напади.
Студентите од Њујорк испратија и осудувачки пораки на сметка на тероризмот и нападите.
„Сите ние сме Брисел, Багдад, Анкара, Париз, Истанбул е една од пораките испратена од Њујорк ”
Студентите од Њујорк претходно имаат организирано слични собири по терористичките напади во Багдад, Бејрут и Париз.