Bedrudin Brlyavac
27 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) – Бројни граѓани на Њујорк денес излегоа на улиците да го прослават Денот на благодарноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на тој американски град облечени во костими со ликовите од цртаните филмови парадираа низ Њујорк со што привлекоа големо внимание на набљудувачите.
Централните улици на кои имаше голем број набљудувачи и поминувачи, беа во знакот на овој национален празник.
Инаку, ова е 89-ти пат како се одржува парада по повод Денот на благодарноста во Њујорк.
На тој ден се собираат фамилиите, се пече мисирка и околу празничната трпеза се заблагодаруваат за сето добро во изминатата година.
Станува збор за националниот празник кој се одбележува во САД, Канада и уште неколку држави во светот.