Yunus Kaymaz
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
ДОХА (АА) - Селекторот на репрезентацијата на Јужна Кореја, Пауло Бенто (53), по поразот од Бразил во осминафиналето на Светското првенство во фудбал објави дека ја напушта позицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Селекцијата на Бразил победи синоќа во осминафиналето на Светското првенство во Катар со резултат 4:1.
Португалскиот стручњак Бенто, кој беше на челото на корејската репрезентација од 2018 година, успеа со Јужна Кореја во групата со Португалија, Гана и Уругвај да го освои второто место и да избори пласман во осминафиналето.
Бенто по поразот од Бразил ги информирал играчите и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја за одлуката за напуштање на селекторската позиција.
„Им благодарам за сè што направивме. Сега треба да размислуваме за иднината“, рече Бенто.
Португалецот оствари 35 победи на 57 натпревари колку што беше на клупата на Јужна Кореја. Пред да ја преземе Јужна Кореја, тој беше тренер на Спортинг, Крузеиро, Олимпијакос и Чонгкинг Лифан и селектор на Португалија.