Dejan Maksimoviç
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
MAНЧЕСТЕР (АА) - Maруан Фелаини (30), фудбалски репрезентативец на Белгија, ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот, и додаде дека тој сѐ уште не одлучил дали ќе остане на „Олд Трафорд“, јавува Anadolu Agency (AA).
Фелаини во моментов не игра поради повреда, а оваа сезона запиша 12 настапи во сите натпреварувања за „црвените ѓаволи“. Со оглед на тоа што договорот му истекува летово 2018 година, Манчестер Јунајтед започна процес за продолжување на договорот со Белгиецот. Но, Фелиани ја отфрли првата понуда.
„Искрено не знам дали ќе останам во Манчестер Јунајтед. Имам нешто на ум. Ако од Манчестер Јунајтед веќе не ме сакаат, тоа ќе ми го кажеа. Тие направија и ми понудија предлог за нов договор и мислам дека ќе направат уште еден. Сè уште не знам дали ќе ја прифатам оваа понуда, ќе видиме. Разговарав со Жозе Мурињо. Тој е менаџер кој ги почитува одлуките на своите играчи“, изјави Фелаини за белгиските медиуми.
Фелиани дојде во Манчестер Јунајтед во 2013 година од Евертон. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 145 натпревари и постигна 19 гола. Во дресот на Белгија тој досега има реализирано 80 настапи со 16 голови.