Abdulkadir Karakaya
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Авионот со кој летала екипата на Јута Џез, членка на американската Национална кошаркарска лига (НБА), во која настапува турскиот интернационалец Ерсан Илјасова, морал принудно да слета откако влетал во јато птици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објавија претставниците на клубот се истакнува дека авионот со кој летала екипата на Јута Џез за да оди на гостувањето против Мемфис Гризлис, полетал од аеродромот во Солт Лејк Сити.
Авионот на авиокомпанијата „Делта“, кусо по полетувањето влетал во јато птици. Во тој момент се расипал еден од моторите, а авионот итно се вратил на аеродромот.
Во овој настан нема повредени, а тимот на Јута подоцна со друг авион заминал за Мемфис.