07 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ЛОНДОН (АА) - Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата за месец јануари, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Агуеро (31) претходниот месец имаше одлична игра, постигнувајќи шест гола и една асистенција.
Освен тоа, во јануари стана странец со најмногу голови во Премиер лигата, дури 180, и на тој начин го престигна и Тиери Хенри.
Ова за него е седми пат во освојувањето на признанието за најдобар играч на месецот во Премиер лигата, што воедно претставува и рекорд.
Агуеро за првпат беше прогласен за најдобар играч на месецот во октомври 2013 година, потоа во ноември 2014 година, јануари 2016 година, април 2016 година, јануари 2018 година и во февруари 2019 година.
Пред Сити играше во Индепендијенте и во Атлетико Мадрид. Во дресот на репрезентацијата на Аргентина имаше 97 настапи и постигна 41 погодок.