Ekipa
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ТОРИНО (АА) - „Alfa Romeo“ (Алфа Ромео) му се приклучи на Заубер, со што ќе се врати во Формула 1 по повеќе од 30 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заубер денес соопшти дека постигнал повеќегодишно техничко и комерцијално партнерство со италијанскиот производител на автомобили, кој е дел од компанијата „Fiat Chrysler“(FCA) (Фиат Крајслер).
Од 2018 година тимот ќе го носи називот„Alfa Rome Sauber“ (Алфа Ромео Заубер). Од следната година болидите на Заубер ќе го носат логото на Алфа Ромео со мотор на Ферари.
Серхио Маркион, извршен директор на Фиат Крајслер, рече дека договорот претставува значаен чекор во трансформирање на брендот Алфа Ромео.
Алфа Ромео последен пат се појави во Формула 1 во 1985 година. Најголемите достигнувања ги оствари во првите две години од присуството во Формула 1, кога Џузепе „Нино“ Фарина и Хуан Мануел Фанџо во Алфите, во 1950 и 1951 година ја освои титулата на шампион.
Се очекува дека Чарлс Леклерк од јуниорската програма на Ферари и шампион во Формула 2 ќе вози за Алфа Ромео Заубер, додека другиот возач би требало да биде уште еден „производ“ на Ферари, Антонио Џовинаци.