Yunus Kaymaz
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Раководството на Формула 1 го казни возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, со три позиции назад на стартот на утрешната трка за Големата награда на Австрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека финскиот возач Ботас е казнет поради неодговорното возење во текот на вчерашниот тренинг и на утрешната трка ќе стартува три позиции зад позицијата што ќе ја избори во текот на денешната трка за пол-позиција.
Ботас на вчерашниот тренинг, при излегувањето од боксот, предизвика вртење на болидот и го загрози тимот на Мекларен во пит-зоната на патеката.
Осмата трка сезонава во Формула 1 се вози утре на патеката „Ред Бул ринг“ во австрискиот град Шпилберг за Големата награда на Штаерска.