Admir Fazlagic
08 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ангеловски истакна дека на двата меча, со Лихтенштајн на 16 ноември и со Гиблатар, на 19 ноември, Македонија ќе се обиде да ја остави својата цел и да го освои првото место во групата.
„Сите работи во групата зависат само од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Причините за поразот во Ереван беа индивидуални грешки, имаше критики за нашата игра, дел од нив сосема ги оправдувам. Но, критиките се составен дел од нашата работа. Ние одиме понатаму, обединети сме повеќе од било кога. Нема да дозволиме еден пораз да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години“, изјави селекторот Ангеловски.
Додаде дека списокот е веќе стандарден и информираше дека како трет голман е повикан Дени Илиев, напоменувајќи дека веќе најавил дека ќе ротираат со Шишковски и со Алексоски доколку ја поврати старата форма.
„Повикан е и Крсте Велкоски кој игра во добра форма во Сараево. Во план ни беше и Бесарт Ибраими, но се здоби со повреда. На првата голманска позиција ќе остане Димитриевски", истакна Ангеловски.
Според неговото мислење, репрезентацијата на Македонија е фаворит на двата престојни меча, но мора да ја оправда својата улога.
За натпреварите против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц и домашниот дуел со Гибралтар на 19. ноември, Ангеловски ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.
Одбрана: Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Мите Цикарски и Кристијан Тошевски.
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас и Стефан Спировски.
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски Крсте Велковски.