Fatih Erel
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Словенецот Александар Чеферин ќе биде повторно избран за претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој е единствен кандидат за претседател на УЕФА на изборите што ќе се одржат во февруари следната година“, се вели од УЕФА.
Чеферин за претседател на УЕФА беше избран во 2016 година за да го заврши четиригодишниот мандат на тогашниот претседател, Мишел Платини, кој имаше забрана поради финансиска злоупотреба.
Изборите ќе бидат одржани на 43. Конгрес на УЕФА на 7 февруари 2019 година во Рим.