Associated Press
19 Август 2022•Ажурирај: 21 Август 2022
МАДРИД (АА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека Бразилецот Касемиро сака да го напушти „кралскиот клуб“ во екот на шпекулациите дека би можел да премине во редовите на Манчестер Јунајтед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анчелоти на прес-конференцијата соопшти дека Касемиро преговара за заминување од клубот, но не го спомна англискиот клуб.
„Поради сѐ што направи за овој клуб, поради тоа каков е, мораме да ги почитуваме неговите желби. Во тек се преговори, ништо не е официјално, тој е сѐ уште играч на Реал Мадрид“, рече Анчелоти.
Тој додаде дека е јасна желбата на играчот да си замине и дека ако тоа го направи, Реал ќе има средства да го замени.
Триесетгодишниот Касемиро во Реал Мадрид е од 2013 година.