Fatjon Cuka
21 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
Албанската атлетичарка Љуиза Гега стана европски шампион на 3.000 метри со пречки во трката на Европското првенство во атлетика во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националниот олимписки комитет на Албанија, Гега доминираше во трката и успеа да победи со време од 9:11.31, освојувајќи го златниот медал и „ја издигна Албанија на врвот на Европа“.
Во врска со медалот на албанската спортистка, реагираше и премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на социјалните мрежи напиша: „Незапирливата Љуиза Гега е шампионка на Европа во 3.000 метри со пречки. Никој досега не успеал да се искачи на врвот на Европа со црвено-црното знаме на атлетската патека.“
Честитки за атлетичарката Гега упатија и министри и други функционери на Албанија.