Tuba Onğun
19 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Патниците на „Туркиш ерлајнс“ кои летаа од Истанбул за Буенос Аирес вчера ја славеа победата на Аргентина на Светското првенство, откако оваа земја ја победи Франција со 4:2 во пенали во Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Фановите на Аргентина со голем ентузијазам ја прославија победата на летот ТК15 на Туркиш ерлајнс, што во тој период леташе над Атлантскиот Океан“, се наведува во соопштението на турскиот национален авиопревозник.
Патниците имаа можност да го гледаат финалето од Светското првенство преку ентертејмент системите на „Туркиш ерлајнс“.
Синоќа Аргентина ја освои третата титула на Светското првенство на ФИФА победувајќи ја Франција со 4:2 во пенали, откако 120 минути завршија со нерешен резултат од 3:3.
На Светското првенство на ФИФА, „Катар 2022“, што започна на 20 ноември, а заврши на 18 декември, за прв пат беше домаќин арапска земја, Катар, земјата од Персискиот Залив.