Doğa Kırmızıoğlu
17 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Американецот Фред Керли победи во финалето на трката на 100 метри во машка конкуренција на 18. Светско првенство во атлетика што се одржува во американскиот град Јуџин, известува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и седумгодишниот Американец го освои златниот медал со време 9,86 секунди и ја понесе титулата најбрз човек на светот.
Керли за 2 стотинки беше побрз од второпласираниот Американец Марвин Брејси, додека третото место и бронзениот медал му припаднаа на Трејвон Бромел со време 9,88, исто така атлетичар од САД.
Во финалето се најдоа четири американски претставници.
Олимпискиот победник во оваа дисциплина, атлетичарот Марсел Џејкобс од Италија, се откажа во полуфиналната трка поради повреда.
На минатогодишните Олимписки игри, Керли беше втор на 100 метри, пред три години беше третопласиран на СП на 400 метри, а медали има освојувано и во штафетните трки 4 х 400 метри.