Doğa Kırmızıoğlu
17 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Тројца велосипедисти се повлекоа од Тур де Франс, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на тимот Џамбо-Висма се наведува дека словенечкиот велосипедист Примож Роглич по несреќата во 5. круг почувствувал засилени болки во грбот и затоа одлучил да се повлече од турнирот.
Роглич по 14 етапи се наоѓаше на 21. место во генералниот пласман.
Денес Данецот Магнус Корт од тимот на ЕФ Едукејшан-ИзиПост и Австралиецот Симот Кларк од тимот Израел-Премиер Тех се повлекоа откако при тестирањето беше утврдено дека се позитивни на Ковид-19.
Данскиот велосипедист Јонас Вингегор од тимот на Џамбо- Висма по 14 етапи води во генералниот пласман со речиси 2,5 минути пред Словенецот Тадеј Погачар.
Тур де Франс е традиционална велосипедска трка долга околу 3.500 километри, што се вози низ Франција и околните држави. Трае 3 недели и привлекува велосипедисти од целиот свет. Тур де Франс е поделен на дневни етапи.
Индивидуалните времиња од секоја етапа се собираат и на тој начин се одлучува за севкупниот победник. Велосипедистот кој најбргу ја минува етапата, на крајот од секој ден облекува жолта маичка.
Рутата се менува секоја година, но целта секогаш е Париз. Од 1975 година, последната етапа се вози по Елисејските Полиња. Тур де Франс е најпознатата и најпрестижната велосипедска трка од трите „Големи трки“. Покрај Тур де Франс, тоа се трките Џиро д’Италија и Вуелта, која се вози во Шпанија.