Bedrudin Brlyavac
17 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ЛИОН (АА) - Атлетико Мадрид во финалето на УЕФА Лига Европа во Лион ја совлада екипата на Олимпик Марсеј со резултат 3 : 0 и го освои трофејот на ова престижно натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Атлетико Мадрид со погодокот на Антоан Гризман поведе во 21. минута со 1 : 0, резултат со кој заврши првото полувреме.
Гризман на асистенција на Коке, во 49. минута го зголеми водството на Атлетико на 2 : 0.
По зголеменото водство, Марсеј ги интензивираше своите напади и се обиде да го намали водството на шпанската екипа, но стативата на десетина минути пред крајот на натпреварот го спречи тоа.
Стативата беше пречка за поинтересен завршеток на натпреварот, а точка на сè стави Габи од редовите на Атлетико, кој во 89. минута го зголеми водството на 3 : 0.
Атлетико Мадрид со убедлива победа го освои трофејот на УЕФА Лига Европа.
Ова е трета титула во Лига Европа односно Куп на УЕФА за Атлетико Мадрид.