Dejan Maksimoviç
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
НИОН (АА) - Фудбалерите на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид ќе се сретнат во полуфиналето од Лигата на шампионите, беше утврдено со денешната жрепка во Нион. Тоа воедно ќе биде реприза на финалето од минатата сезона на овој натпревар, во кој „кралскиот клуб“ на стадионот „Сан Сиро“, славеше по изведувањето на пеналите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во второто полуфинале во најсилната европска клупска конкуренција ќе се сретнат Монако и Јувентус.
Првите натпревари од полуфиналето ќе се одиграат на 2 и на 3 мај, а реваншот една недела подоцна. Финалето оваа сезона ќе се одигра на 3 јуни, на стадионот „Милениум“ во Кардиф.