спорт

Баерн ослабен против Реал: Артуро Видал ја заврши сезоната

Артуро Видал, фудбалер на Баерн од Минхен, ја заврши сезоната, откако го оперираше коленото, поради што е принуден да паузира неколку недели

Bakir Tiro  | 18.04.2018 - Обновена : 19.04.2018
Баерн ослабен против Реал: Артуро Видал ја заврши сезоната

Minhen

МИНХЕН (АА) - Артуро Видал, фудбалер на Баерн од Минхен, ја заврши сезоната, откако го оперираше коленото, поради што е принуден да паузира неколку недели, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштија од клубот, Чилеанецот морал да оди на операција поради повреда на тренинг минатата недела.

Баерн ја обезбеди титулата Шампион на Германија, а до крајот на сезоната ќе игра и во финалето на националниот Куп. Ослабени без Видал, „црвените“ ќе влезат во полуфиналните дуели во Лигата на шампиони на УЕФА против Реал Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın