Şenhan Bolelli
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Од шпанскиот фудбалски клуб Барселона соопштено е дека трансферот на бразилецот Филипе Кутињо не е остварен поради високата цена на обештетување, јавува Anadolu Agency (AA).
Спортскиот директор на Барселона, Алберт Солер, и секретарот Роберт Фернандез, одржаа перс-конференција откако заврши преодниот рок.
Солер истакна дека по заминувањето на Нејмар во ПСЖ по цена од 222 милиони евра, изменета е рамнотежата на фудбалскиот пазар и дека фудбалскиот свет се менува.
„Ливерпул за Кутињо бараше 200 милиони евра. Се разбира дека не дојде до трансфер. Сметаме дека Ливерпул нема намера да го продаде овој играч. Фудбалот веќе е работа на клубовите, туку на инвеститорите”, смета спортскиот директор на Барселона Aлберт Солер.
На прашањето дали Аргентинецот Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во Барселона, челниците на клубот порачаа дека навивачите на клубот не треба да се грижат за тоа, додавајќи дека околу продолжувањето на договорот со Меси останале само формулации.