Fatih Erel
24 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - По одиграните реванш-средби од квалификациите, во групната фаза на УЕФА Лига на шампиони (ЛШ) пласман изборија Бенфика (Португалија), Викторија Плзен (Чешка) и Макаби Хаифа (Израел), известува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Бенфика по победата од 0:2 како гостин на теренот на Динамо Киев, на домашен терен извојува победа од 3:0 и се пласира во групната фаза на Лигата на шампиони.
Во втората реванш-средба се сретнаа тимовите на Црвена Ѕвезда и Макаби Хаифа. Макаби Хаифа кој на домашен терен извојува победа од 3:2, во Белград одигра нерешено 2:2 и се избори за правото да се натпреварува во групната фаза на ЛШ.
Третиот натпревар што се одигра синоќа беше дуелот меѓу екипите на Викторија Плзен и Карабах. Екипата на Карабах на првиот натпревар не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра 0:0, но тоа му појде од рака на тимот на Викторија Плзен, кој со победата од 2:1 се пласира во групната фаза на Лигата на шампиони.
Денес на програмата се преостанатите три натпревари од квалификациската фаза на ЛШ. Се среќаваат:
1. Трабзонспор (Туркије) - Копенхаген (Данска) (1:2)
2. Динамо Загреб (Хрватска) - Бото Глимт (Норвешка) (0:1)
3. ПСВ (Холандија) - Ренџерс (Шкотска) (2:2)
Елиминираните екипи од Лигата на шампиони, своето натпреварување ќе го продолжат во групната фаза на УЕФА Лига Европа.