Mutlu Demirtaştan
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот боксер Флојд Мејведер со приход од 285 милиони долари е спортист со најголема заработувачка во светот за последната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Магазинот „Форбс“ во последното издание ја објави листата спортисти со најголеми приходи од плати, турнири, спонзорства и бонуси за периодот јуни 2017 - јуни 2018 година.
По минатогодишната борба со ирецот Конор Мекгрегор, Мејведер во периодот за кој „Форбс“ ги анализираше приходите на спортитите, успеа да заработи 285 милиони долари и по 4. пат во последните 7 години стана најдобро платениот спортист на светот.
На второто место се наоѓа аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со вкупни приходи од 111 милиони долари.
Кристијано Роналдо, португалската фудбалска ѕведа, кој последните две години беше на врвот на листата, годинава се најде на третото место, со приход од 108 милиони долари.
Од друга страна, од 2010 година досега, за првпат жените спортистки не се најдоа на листата меѓу 100-те најплатени спортисти на светот.
Листата на 10-те најплатени спортисти во светот изгледа вака:
| Спортист | Спорт | Приход ($) |
|---|
| 1 | Флојд Мејведер | бокс | 285 милиони |
|---|
| 2 | Лионел Меси | фудбал | 111 милиони |
|---|
| 3 | Кристијано Роналдо | фудбал | 108 милиони |
|---|
| 4 | Конор Мекгрегор | бокс | 99 милиони |
|---|
| 5 | Нејмар | фудбал | 90 милиони |
|---|
| 6 | Леброн Џејмс | кошарка | 85,5 милиони |
|---|
| 7 | Роџер Федерер | тенис | 77,2 милиони |
|---|
| 8 | Стефан Кари | кошарка | 76,9 милиони |
|---|
| 9 | Мет Рајан | рагби | 67,3 милиони |
|---|
| 10 | Метју Стафорд | рагби | 59,5 милиони
|
|---|