Hüseyin Burak Demirer
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Бразилецот Норберто Мурара Нето, голманот на клубот од шпанската Ла лига, Валенсија, е трансфериран во шпанскиот клуб Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нето (29) потпиша четиригодишен договор со својот нов клуб.
Бразилскиот репрезентативец претходно ја чуваше мрежата на бразилскиот клуб Атлетико Паранаенса и италијанските клубови Фјорентина и Јувентус.
Од друга страна, Валенсија вчера го трансферираше голманот Јаспер Џилесен, кој веќе три сезони ја чуваше мрежата на Барселона.