Şenhan Bolelli
26 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
МАДРИД (АА) – Со одлуката на Одборот на директори на Реал Мадрид, женскиот фудбалски клуб Такон, формиран во 2014 година во главниот град Мадрид, ќе се приклучи во структурите на клубот, пренесува Anadolu Agency.
Процесот на транзиција на фудбалски клуб Такон ќе трае една година, и од 1 јули 2020 година на сите официјални натпревари ќе учествува под името Реал Мадрид.
Соопштено е дека фудбалскиот клуб Такон тренинзите и натпреварите во сезоната 2019-2020 година ќе ги одигра на фудбалските терени на градот Реал Мадрид.
Од друга страна, во коментарите во шпанскиот печат, се истакнува дека одлуката Реал Мадрид да формира женски фудбалски клуб е задоцнета и задолжителна одлука.
Во Шпанија, Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Атлетико Билбао имаат женски фудбалски клубови. Исто така, се истакнува дека во последните години женскиот фудбал во Шпанија покажал голем развој.
Во моментов, најголем буџет од 3,5 милиони евра за женски фудбал издвојува Барселона. Се тврди дека Реал Мадрид во првата етапа ќе одвои буџет од 2 милиона евра. Исто така, се нагласува дека со интересот на спонзорите женскиот фудбал станал значаен пазар.
Минатата година натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона од шпанската женска фудбалска лига ја следеа 60.739 лица. Тогаш беше поставен светски рекорд во женскиот фудбал.