Hüseyin Burak Demirer
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Расел Вестбрук од редовите на американската НБА екипа Оклахома Сити Тандер, на натпреварот во кој тимот на Портланд Треил Блејзерс беше совладан со резултат 120:111, го урна досегашниот рекорд во НБА, постигнувајќи трипл-дабл на 10 натпревари едноподруго, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Во натпреварот меѓу екипите на Оклахома Сити Тандер и Портланд Треил Блејзерс, кои се фаворити во Западната конференција, домаќинот Тандер извојува победа со резултат 120:111.
Во редовите на Оклахома двајца играчи постигнаа трипл-дабл. Тоа се Пол Џорџ со 47 поени, 12 скока, 10 асистенции и Расел Вестбрук со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.
Ова е 10-ти едноподруго трипл-дабл на Вестбрук, со што го урна рекордот на Вилт Чемберлејн од 1968 година.
Во исто време, Џорџ и Вестбрук се први клупски соиграчи кои на еден натпревар оствариле трипл-дабл, постигнувајќи повеќе од 20 поени.
- Харден ја продолжи серијата на 30 натпревари
Ол-стар ѕвездата во редовите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, против Далас Маверикс оствари 31 поен, 8 скока, 7 асистенции и 5 украдени топки, давајќи голем придонес во победата од 120:104. Со ова, Харден успеа на 30 натпревари по ред да постигне скор од над 30 поени.
Значаен придонес во победата на Рокетси дадоа и Крис Пол со дабл-дабл од 17 поени, 11 асистенции, Кенед Фарид со 17 поени, 8 скока и Жерард Грин со 19 поени, 6 скока.
Во редовите на Маверикс се истакна Словенецот Лука Дончиќ со дабл-дабл од 20 поени, 10 скока и 8 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
Милвоки Бакс на гостински терен го совлада Чикаго Булс, со резултат 112:99.
Sвездата на Бакс, Јанис Адетокунбо, постигна дабл-дабл од 29 поени, 17 скока, 8 асистенции и 3 блокади, а турскиот репрезентативец Ерсан Илјасова постигна 12 поени и 3 скока.
- Резултати
Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 107:104
Детроит Пистонс - Вашингтон Визардс 121:112
Индијана Пејсерс - Шарлот Хорнетс 99:90
Торонто Репторс - Бруклин Нетс 127:125
Чикаго Булс - Милвоки Бакс 99:112
Хустон Рокетс - Далас Маверикс 120:104
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Клиперс 130:120
Оклахома Сити Тандер - Портланд Треил Блејзерс 120:111
Денвер Нагетс - Мајами Хит 103:87