Yunus Kaymaz
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Фудбалскиот самит на ФИФА, на кој ќе се состанат претседателите и високите извршни директори на 47 федерации на ФИФА, ќе започне утре во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција по вторпат ќе биде домаќин на Самитот на кој во една конструктивна средина ќе се разговара за прашања за реформи во ФИФА. На Самитот, кој се организира од ноември 2016 година, федерациите меѓу себе ќе имаат можност да си разменат информации.
По завршувањето на активностите, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, в петок, на 15 февруари, во хотелот „Шангри-ла Босфор“, во 15:30 часот по локално време ќе одржи прес-конференција.