Hüseyin Burak Demirer
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
ЛОНДОН (АА) - Наградниот фонд на Вимблдон, третиот Грен слем турнир на сезоната, изнесува 40,35 милиони фунти (47,45 милиони евра), што е рекорд во историјата на овој престижен турнир на тревна подлога, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од тенискиот клуб „Ол Ингланд Лоун“, кој е организатор на Вимблдон, соопштено е дека наградниот фонд кој ќе биде поделен на играчите оваа сезона е зголемен за 11,1 отсто во однос на минатата година и 5,4 отсто во однос на претпандемската 2019 година.
Победниците на турнирот во поединечни конкуренции за мажи и жени ќе добијат парични награди од по 2 милиони фунти (2,35 милиони евра).
Вимблдон 2022 година ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули. Асоцијациите на АТП и ВТА и на овогодишниот Вимблдон нема да доделуваат бодови на тенисерите и тенисерките поради забраната за учество за натпреварувачите од Русија и Белорусија.