Fatih Erel
10 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Мохамед Салах, играчот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, ја доби наградата за фудбалер на годината што ја доделува Британската асоцијација на професионални фудбалери (PFA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави ПФА се вели „Му честитаме на Мухамед Салах за изборот за фудбалер на годината“.
Во продолжение се наведува дека тимот на Ливерпул ја испуштил шампионската титула во Премиер лигата заостанувајќи еден поен зад првакот Манчестер Сити, при што Салах оваа сезона постигнал 23 погодоци во Премиер лигата.
Салах во исто време, заедно со Сон Хеунг-Мин е освојувач и на Златната копачка како фудбалер со најголем број постигнати погодоци во Премиер лигата.
Дваесет и двегодишниот Фил Фоден, играч на Манчестер Сити, втора година по ред е освојувач на титулата млад играч на годината.
Британската асоцијација на професионални фудбалери го објави и тимот на годината во Премиер лигата, во чиј состав се наоѓаат:
– Алисон (Ливерпул)
– Трент Александар-Арнолд (Ливерпул)
– Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
– Антонио Ридигер (Челси)
– Жоао Кансело (Манчестер Сити)
– Кевин де Брујне (Манчестер Сити)
– Тијаго Алкантара (Ливерпул)
– Бернардо Силва (Манчестер Сити)
– Садио Мане (Ливерпул)
– Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед)
– Мухамед Салах (Ливерпул)