Mutlu Demirtaştan
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во натпревар од американската Национална кошаркарска лига, тимот на Голден Стејт Вориорс го совлада Шарлот Хорнетс со резултат 137:90, нанесувајќи му тежок пораз од 47 поени разлика, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа во НБА се одиграа 7 напревари. Лидерот на Западната конференција, тимот на Вориорс, на домашен терен ги совлада Хорнетс со резултат 137:90. Најдобар перформанс во победничката екипа покажа Стефен Кари со 25 поени, 6 асистенции и 5 скока.
Вориорси ја извојуваа својата 52. победа сезонава, а свој придонес во победата дадоа Клеј Томсон со 24 поени, Квин Кук со 21 поен, 4 скока и 4 асистенции и Кевин Дурант со 11 поени, 9 асистенции и 2 скока. Томсон по овој натпревар има вкупно 1.788 тројки и на вечната листа на НБА ја зазема 16. позиција, и е пред Рашард Луис.
Екипата на Хорнетс го доживеа својот 41. пораз сезонава. Најпрецизни во тимот од Шарлот беа Гиљермо Ернангомез со 22, Џереми Лемб со 11 и Френк Камински со 10 поени.
- Хоукс ги победи Бакс во продолжеток -
Атланта Хоукс во продолжеток успеа да го совлада Милвоки Бакс со резултат 136:135.
Најпрецизни во редовите на Хоукс со дабл-дабл учинок беа Џастин Андерсон со 24 поени и 12 скока, Џон Колинс со 23 поени и 12 скока и Тре Јанг со 12 поени и 16 асистенции, додека Алекс Лен постигна 23 поени и 6 скока.
На овој натпревар не настапи ол-стар ѕвездата на Бакс, Јанис Адетокунбо. Стерлинг Браун постигна 27 поени и 9 скока, Тим Фрејзер постигна дабл-дабл од 20 поени и 15 асистенции, додека Брук Лопез имаше 19 поени и 6 скока, но тоа не беше доволно да го спречи 20. пораз на Бакс сезонава.
НБА вечерва продолжува со 9 натпревари.
- Резултати -
Атланта Хоукс - Милвоки Бакс 136 : 135 (продолжеток)
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 103 : 106
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс 102 : 130
Сан Антонио Спарс - Сакраменто Кингс 106 : 113
Денвер Нагетс - Вашингтон Визардс 90 : 95
Голден Стејт Вориорс - Шарлот Хорнетс 137 : 90
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 113 : 96