Doga Kirmizioglu
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во натпревар од американската Национална кошаркарска лига НБА, ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, прикажа извонреден перформанс за својот тим и даде огромен придонес во победата над гостинската екипа на Сакраменто Кингс од 119:108, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Во Западната конференција, Хјустон Рокетс, кој го обезбеди пласманот во завршницата на плеј-оф натпреварите, на домашен терен ја пречека екипата на Сакраменто Кингс. Рокетси победија со 119:108 и дојдоа до својата 49. победа сезонава.
Џејмс Харден постигна трипл-дабл од 50 поени, 11 скока и 10 асистенции, одигрувајќи клучна улога во победата на Хјустон Рокетс. Клинт Капела постигна дабл-дабл од 25 поени,15 скока, додека Крис Пол натпреварот го заврши со 22, а Ерик Гордон со 17 поени.
Тимот на Кингс го доживеа својот 39. пораз сезонава и нема никакви шанси за пласман во плеј-оф натпреварите. Најпрецизни во Сакраменто беа Богдан Богдановиќ со 24 поени, 9 скока, 8 асистенции, Бади Хилд 21, додека дабл-дабл постигнаа Марвин Багли со 20 поени, 12 скока и Деарон Фокс со 18 поени, 10 асистенции.
- Недоволни 19-те поени на охриѓанецот Џеди -
Во Западната конференција, тимот на Лос Анџелес Клиперс, кој го загарантира учеството во плеј-оф натпреварувањето, на домашен терен ја дочека екипата на Кливленд Кавалирс. Домаќините победија со резултат 132:108.
Клиперс ја извојува својата 46. победа сезонава, а шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Монтрезл Харел постигна 23 поени, 6 скока, Шаи Александер 22 поени, 8 асистенции, Грин постигна дабл-дабл од 18 поени, 10 скока, додека Лоу Вилијамс постигна 18 поени.
Кавалирс го претрпе својот 58. пораз сезонава. Најпрецизен беше Џордан Кларксон кој постигна 26 поени, Колин Секстон 21 и охриѓанецот Џеди Осман 19 поени, 5 скока, 4 украдени топки и 3 асистенции.
Во НБА вечерва ќе се одиграат 7 натпревари.
- Резултати -
Хјустон Рокетс - Сакраменто Кингс 119:108
Лос Анџелес Клиперс - Кливленд Кавалирс 132:108
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 110:96
Детроит Пистонс - Портланд Треил Блејзерс 99:90
Индијана Пејсерс - Орландо Меџик 116:121
Њујорк Никс - Мајами Хит 92:100
Чикаго Булс - Торонто Репторс 101:124
Минесота Тимберволвс - Филаделфија Севентисиксерс 109:118
Феникс Санс - Мемфис Гризлис 115:120