Yunus Kaymaz
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Формула 1 и Големата награда на Австралија потпишаa нов 10-годишен договор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На веб-страницата на Формула 1 објавено е соопштение во кое се наведува дека договорот на трката за Големата награда на Австралија, кој истекува во 2025 година, е продолжен до 2035 година.
Во соопштението се информира дека од следната година во викенд-програмата ќе бидат вклучени и трките во Формула 2 и Формула 3.
На трката за Големата награда на Австралија што се одржа од 8 до 10 април годинава, околу 420.000 љубители на Формула 1 ја посетија патеката „Алберт парк“ во Мелбурн, бројка која влезе во историјата на земјата како настан со најголемо учество на посетители за време на викенд.
„Алберт парк“ е домаќин на трки во Формула 1 од 1996 година.