Dejan Maksimoviç
08 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
ЛОНДОН (АА) - Бразилскиот дефанзивец Давид Луис веројатно ќе стане еден од омразените фудбалери меѓу навивачите на лондонскиот Челзи, откако инсистираше да премине во редовите на градскиот ривал Арсенал. Британските медиуми утрово јавија дека двата клуба постигнаа договор и дека 32-годишниот фудбалер за осум милиони фунти (8,6 милиони евра) синиот дрес ќе го замени со црвено-бел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Луис денеска ќе направи лекарски преглед заедно со Киран Тирни кој доаѓа од Селтик за 25 милиони фунти (околу 27 милиони евра). Двајцата би требало да ја зајакнат одбраната на „топчиите“ за наредната сезона, што во преодниот рок беше и основната цел на менаџерот Унаи Емери.
Луис веќе еднаш го напушти Челзи, кога во 2014 година замина во Париз Сен Жермен. Се врати две години подоцна и повторно стана миленик на навивачите на „сините“, но тој статус сега дефинитивно ќе го изгуби. За Челзи одигра 248 натпреварувачки меча и постигна 18 гола. Во текот на кариерата играше уште и за Виторија и за Бенфика. Во дресот на репрезентацијата на Бразил настапи 56 пати со 3 погодоци.